Комарници

MMG > Комарници

Плисе

Комарници со елегантен изглед и совршена заштита од разни видови на непожелни инсекти во летниот период. Може да се монтираат на врати или прозори. Потполно се вклопуваат во секој амбиент. Обезбедуваат потполна заштита од непожелни инсекти во летните периоди, а во зимскиот период со нивно собирање се невидливи се до наредното лето.
Неговата употреба на кој било начин не ја попречува работата на внатрешните или надворешните ролетни.

Роло

Овој тип на комарници се карактеристични за инсталирање на прозорци поради запазување на нивната функционалнорт. Нудат потполна заштита од непожелни инсекти во летните периоди, а во зимскиот период со нивно собирање се невидливи се до наредното лето. Се ракува во вертикална насока и обезбедува удобност и заштита и од надворешните временски влијанија без да го блокира циркулирањето на свежиот воздух што влегува во просторијата.

Клик

Клик комарниците се тренд во последните неколку години. Станува збор за комарници кои се сезонски. Се монтираат од внатрешната страна на самиот прозор и истите лесно се демонтираат поради што може сами да ги извадите и повторно да ги монтирате наредната сезона.

Фиксен

Фиксните комарници се користат со години наназад и нудат одлична заштита од несакани инсекти за минимална цена. Нивната намена е најчесто за прозоски врати. Тоа што е пионер во комарниците и е економичен не ја намалува неговата главна функција – заштита од несакани инсекти.

Лизгачки

Лизгачкиот комарник е во тренд изминатите неколку години и во нашата земја.  Станува збор за комарници кои се изработуваат од издржливи алуминиумски профили и се попознати како шибер комарник. Тие претставуваат не само заштита од инсекти, туку и совршен состав со изгледот на вашиот дом како однадвор така и одвнатре

КОНТАКТ

    Адреса
    Ул. 15 Корпус бр. 21,
    6000 Охрид

    Телефон: +389 075 453 850
    Email: contact@mmg.mk