ПВЦ Врати

MMG > ПВЦ Врати

ПВЦ Врати

ПВЦ вратите се идеална понуда за куќи за едно семејство преку различни дезени и бои. Достапни се во класични и модерни верзии. Тие се користат во енергетски ефикасни градби. Вратите се карактеризираат со висок квалитет на изработка и многу добри параметри за топлинска и звучна изолација. Благодарение на композитот што се користи за изработка на капачињата, тие се карактеризираат и со многу висока јачина. Во стандардниот производ е поставен низок праг со термички прекин, кој ја подобрува затегнатоста и дава извонреден комфор при користење.

Систем на иднината од куќата на Саламандер: Brügmann bluEvolution профилна серија со длабочина на конструкцијата од 82 mm. Комбинира супериорна заштеда на енергија со иновативна технологија на заптивање на највисоко ниво, и е идеално прилагоден систем како компонента за пасивни куќи. Загубите на топлина се намалуваат со користење на овие специјално оптимизирани конструкции на рамки, во комбинација со тројно изолационо стакло со термички подобрена гума во пределот на застаклувањето

Отварачкиот систем – Brügmann bluEvolution 73 ќе ги задоволи сите ваши потреби за дизајн на врати со стил и софистицираност: Површините со висока густина не само што го прават профилот особено лесен за чистење, туку исто така гарантира исклучително долг работен век. Овој систем ги спречува топлинските мостови и значително ги намалува трошоците за енергија. Интелигентниот структурен дизајн на профилот, кој содржи големи челични засилувања, обезбедува одлична стабилност и сигурна
функционалност на ПВЦ вратите

КОНТАКТ

    Адреса
    Ул. 15 Корпус бр. 21,
    6000 Охрид

    Телефон: +389 075 453 850
    Email: contact@mmg.mk